Хан: Борбата против криминалот приоритет во односите ЕУ-Албанија

Од:

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на средба со албаснкиот премиер Еди Рама во Тирана порача дека борбата против организираниот криминал и корупцијата останува приоритети во односите меѓу ЕУ и Албанија.

Во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Тирана се нагласува дека Хан и Рама разговарале за напредокот во реформите поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ и за последните политички случувања во регионот.

Како што стои во соопштението, еврокомесарот изјавил дека е важно да се продолжи со добриот импулс забележан минатата година. Хан додал дека реформата во правосудството продолжува да дава резултати, истакнувајќи дека институционалната реформа на судството треба да заврши во следните неколку недели.

Високиот европски претставник ги истакнал неодамнешните активности против организираниот криминал, но посочил дека треба да се продолжи со гонење и казнувања на сторителите.

– Борбата против организираниот криминал и против корупцијата на сите нивоа остануваат приоритети во односите ЕУ-Албанија, изјавил Хан, изразувајќи при тоа загриженост поради се уште големиот број барања за азил од страна на албански граѓани.

Еврокомесарот истакна дека конструктивниот политички дијалог меѓу сите политички партии и подготвеноста за заедничка работа во интерес на сите албански граѓани, е од суштинско значење за европската иднина на Албанија.

Тој упатил и апел до парламентарните политички партии да постигнат договор околу изборните реформи.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски