Хаљими: Поголемите права на косовските Срби, ќе ја загрозат стабилноста

Од:

Пратеникот во парламентот на Србија, Риза Хаљими изјави дека доколку Србија и Косово постигнат договор со кој на Србите на Косово им се дадат поголеми права, отколку на Албанците на југот на Србија, ќе се загози регионалната стабилност, поради примена на двојни стандарди.

Хаљим за приштинскиот „Трибуна“ изјави дека во платформата која во сабота ја усвоија албанските претставници од општините Прешево, Бујановац и Медвеѓе е предвидено Албанците од тие општини, да бидат одлучувачки фактори во судовите, полицијата и образованието.

Тој побара Албанците да имаат исти права како и Србите на Косово, и додаде дека во спротивно може да дојде до нестабилност.

-Дијалогот во Брисел за Косово и Србија е концентриран на решавање на статусот на Србите на Косово, а занемарена е положбата на Албанците во Прешевската долина – изјави Хаљими.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина