Гутереш: Пропуштена е историска шанса за обединување на Кипар

Од:

Пропуштена е историска можност во швајцарското летувалиште Кран Монтана, каде се бараше формула за повторно обединување на Кипар, но преговорите завршија без договор, се наведува во извештајот за Кипар подготвен од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во документот се оценува дека во Кран Монтана до голем степен било договорено решение за стратешки договор за решавање на кипарскиот проблем, но завршило безуспешно поради недоверба и недостиг на политичка волја.

Извештајот е со датум 28 септември и го опфаќа периодот од мај 2015 до август 2017 година.

– Двете страни се доближија до постигнување стратешко разбирање за прашањето за безбедност и гаранциите, како и за сите останати суштински елементи за целосно решавање на проблемот, нагласи Гутереш, додавајќи дека според него, „Кран Монтана била пропуштена историска шанса“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот