Гутереш: Пропаднаа преговорите за обединување на Кипар

Од:

Преговирите за надминување на четиридецениската криза на Кипар пропаднаа, соопшти рано изутринава генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Со исклучително разочарување ве информирам дека и покрај ангажираноста и решитеноста на сите делегации, Конференцијата за Кипар заврши без да биде постигнат договор, изјави Гутереш на прес-конференција во Кран Монтата, каде изминативе десетина дена се одржуваа преговорите за повторно обединување на Кипар.

Гутереш на преговорите во швајцарското одморалиште се приклучи вчера, што беше оценето како обид за дополнителен притисок врз делегациитена двете кипарски заеднициа за постигнување договор.

Според извори во ОН, учесниците на преговорите имале и телефонски разговор со американскиот потпретседател Мајкл Пенс, кој апелирал до нив да ја искористат историската шанса за обединување на островот,

Кипар е поделен од 1974 година кога турската армија интервенираше на островот, како одговор на воениот преврат предводен од кипарските Грци, чија цел беше приклучување на земјата кон Грција. По воената интервенција на Турција, турските сили презедоа контрола врз северниот дел на островот, каде подоцна беше прогласена Турската Република Северен Кипар, која е призната само од страна на Анкара.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот