Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека за дијалогот помеѓу Белград и Приштина потребна е цврста посветеност и додаде дека долготраен мир може да се постигне со одржлив напредок во нормализацијата на односите.
Гутереш во редовниот тримесчен извештај за работата на мисијата на ОН на Косово (Умник) рече дека мисијата работи на изградба на доверба помеѓу заедниците во Косово.
Тој додаде дека Умник ќе продолжи да дава поддршка на долготрајниот мир и стабилност.
Гутереш рече дека од потпишувањето на Бриселскиот договор во 2013 година во повеќе наврати е одложувањето на спроведувањето на договор, додавајќи дека договорите постигнати на високо ниво имаат смисла само ако имаат широка поддршка во делувањето на двете страни.
Тој кажа дека Умник ги поддржува напорите на Европската унија која што раководи со дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ започна внатрешен дијалог за Косово со цел изнаоѓање решенија и најави дека исходот од тој внатрешен дијалог ќе ги дефинира односите помеѓу Србија и Косово, пишува во извештајот.
Гутереш наведе и дека косовскиот претседател Хашим Тачи во јули рече дека е време да се започне нова фаза во дијалогот која што ќе доведе до целосна нормализација на односите.
Генералниот секретар на ОН ги повика политичките лидери во Косово да обратат внимание на нивните јавни коментари за механизмите на меѓународната правда, особено кога се работи за Специјалниот суд за воени злосторства на Косово.