Гутереш ќе учествува во преговорите за Кипар

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска се враќа во Кран Монтана, каде ќе присуствува на преговорите за решавање на прашањето за Кипар.

На денешните преговори нема да учествуваат премиерите на трите земји гарантори – Грција, Турција и Велика Британија.

– Грција се залага за изнаоѓање на праведно и одржливо решение за кипарскиот проблем врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и во својство на Република Кипар како земја-членка на Европска унија. Решението за Кипар ќе биде праведно и одржливо без режим на гаранци за островот и без присуство на окупаторски војски, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонскиот разговар со турскиот колега Бинали Јилдирим.

Новиот круг преговори за повторно обединување на поделениот остров почнаа на 28 јуни во шбајцарското одморалиште Кран Монтана во присуство на претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканчи.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот