Група илегални мигранти пресретнати близу турско-бугарската граница

Од:

 Турските погранични власти запреле група од 29 нелегални мигранти близу месноста Киркларели, на границата со Бугарија, јави БТА.

Мигрантите биле пресретнати при операција на турската гранична служба во округот Кофчаз во областа Киркларели. 

Групата се подготвувала нелегално да премине на бугарска територија со помош на криумчар. Меѓу бегалците имало сириски и авганистански државјани, пишува весникот „Хаберлер“.

По утврдување на нивниот идентитет, имигрантите се сместени во центарот за бегалци, кој се наоѓа во близина на градот.

Криумчарот е задржан во турската полиција.

Би можело да ве интересира

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ