Новиот американски амбасадор во Приштина ќе биде Грегори Делави од Вирџинија, откако неговото именување го одобри Сенатот, јавуваат денеска приштинските медиуми.
Делави на функцијата амбасадор го предложи американскиот претседател Барак Обама.
Делави од 2012 година е заменик-помошник секретар во Бирото за контрола, верификација и усогласување на оружјето.
Претходно беше заменик-шеф во мисијата на американската Амбасада во Берлин (2009-2012), а исто така и заменик-помошник секретар во Бирото за политичко-воени прашања (2008-2009), директор на Канцеларијата за билатерални трговски работи при Канцеларијата за економски прашања и бизнис (2007-2008) и заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Загреб (2004-2007).
Делави завршил економски студии на Харвард.