Грците во Албанија ќе спроведат самостоен попис

Од:

Откако минатогодишниот попис, кој во Албанија беше спроведен во октомври, малцинствата го бојкотираа и изјавија дека нема да ги признаат резултатите од него, грчкото малцинство најави спроведување самостоен попис.

Според Васил Болано, претставник на здружението „Омонија“, целта била да се утврди точниот број на Грците во Албанија, затоа што на владиниот попис на малцинствата им било ускратено нивното легитимно човеково право да се изјаснат она што се по етничка и верска припадност.

Заедно со Грците пописот го бојкотираа и резултатите не ги признаваат и Македонците и сите други етничи заедници, но како што велат од партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, тие немаат финансиска можност за такво нешто.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он