Грците нема да имаат можност да одберат која вакцина ќе ја примат

Од:

Сите вакцини ќе се третираат како една, вели генералниот секретар на Министерството за здравство на Грција, кој е надлежен за вакцинацијата во интервјуто за грчката телевизија „Мега“, во однос на тоа дали граѓаните ќе имаат можност да одберат која вакцина да ја примат и објаснува дека и „во Грција, како и во сите земји од Европската унија граѓаните нема да одбираат вакцина“, јави дописничката на МИА од Атина.

Темистоклеус изрази надеж дека до летото ќе биде вакциниран голем дел од населението, додека пак објасни дека во вториот квартал од годинава ќе добие уште повеќе вакцини.

До крајот на март, во Грција планирано е да пристигнат 1,4 милиони дози од Фајзер, 240.000 од Модерна и 700.000 од Астра зенека.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември 2020 година, заклучно со вчера попладне, во Грција биле вакцинирани 315.661 лица, од кои 261.575 примиле барем една од двете дози.

Паралелно, во Грција е регистриран и зголемен број нови случаи на Ковид-19, со 1.261 новозаразен за 24 часа, прв пат четири цифрен број по повеќе од еден месец.

Особена загриженост кај епидемиолозите предизвикува ситуацијата во Атина, каде што повторно, се регистрирани повеќе од половина од новите случаи, односно 652 новозаразени.

Националната организација за јавно здравје на Грција, вчера соопшти и 31 нов случај на британскиот тип на Ковид-19, сите во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Иако од саботата, Атика е во црвената зона со дополнителни мерки, не е исклучена можноста, доколку продолжи зголемувањето на бројот, да се преземат додатни рестрикции.

Во Грција од почетокот на ноември минатата година во сила е полициски час и забрана за слободно движење на граѓаните и задолжително испраќање смс пораки.

Досега, во земјата се регистрирани вкупно 158.716 случаи на Ковид-19, од кои 204 се од британскиот вид, еден од јужноафриканскиот, а почина вкупно 5.851 лице.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски