Грција во огнениот прстен – повеќе од 20.000 луѓе се спасени од пеколот на Родос

Од:

Пожарот кој една недела гори на Родос постојано излегува од контрола. Пламенот достигнува висина и до 30 метри. Вонредна состојба е на сила на три фронта, од југозапад до централниот дел на островот. Евакуирани се жителите на 12 населени места, како и на манастирот Фари. Армијата, полицијата и повеќе од 400 пожарникари со 15 авиони и хеликоптери, со помош на колегите од Словачка, Турција и Хрватска се обидуваат да го локализираат пожарот.

На помош дојде и елитната воена група „Лео“, а мобилниот оперативен центар „Олимп“ континуирано ќе ја координира целата операција за гаснење, користејќи дронови и ноќни камери, кои инстантно го лоцираат местото каде избувна пожарот. Има индиции дека пожарот на Родос бил подметнат, но засега нема цврсти докази.

Во најголемата евакуација во историјата на земјата, од пожарната зона беа спасени околу 20.000 туристи и локални жители. На помош притрчаа колони луѓе со деца во раце или во колички, со куфери или без ништо, во костими за капење, без документи, исто како што пожарот ги затекна на плажата или во хотелите зафатени од пожарот.

Околу 3.000 туристи беа евакуирани од плажите со чамци, а останатите со автобуси, камиони и приватни автомобили. За нив е обезбедено засолниште во спортски сали и достапни хотели, многумина ноќеваат во своите автомобили. Жителите на Родос ширум ги отворија вратите и ги пречекаа туристите под нивниот покрив. Покрај тоа, тие им помагаат со носење храна, вода, овошје и зеленчук, обидувајќи се да останат добри домаќини во катастрофата што го снајде островот. На социјалните мрежи се појавија многу пораки со благодарност до Грците. На „Твитер“ туристите опишуваат како, иако и самите се исплашиле од пожарот што се приближувал, Грците ги качиле во автобуси и камиони, им давале сендвичи, домашни пити, овошје и вода.

-Грците се грижеа за нас, нема зборови да им се заблагодарам за се што направија за да ни олеснат“. Сега се грижиме за оние што остануваат“, напиша на Твитер британскиот турист Никос Мајкл.

Џиана Стеј на истата мрежа вели дека „грчките волонтери покажаа хуманост и сила пред страшната трагедија што ја снајде нивната земја“. Нејзината сонародничка Музи Би им се заблагодарува на Грците за несебичната помош и се моли „кога ќе престане огнената стихија, да имаат каде да се вратат“.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино