Грција привремено ќе ја укине казната од 100 евра за невакцинираните над 60-годишна возраст

Од:

Од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст, а мерката одново ќе се разгледа во септември, соопшти министерот за здравство на Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис објасни дека ќе се наплати износ до 300 евра што одговара на периодот до 15 април.

Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои се вакцинирани и секој месец плаќаа казна по 100 евра.

Дополнително, министерот за здравство на Грција соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата на епидемиолози „ќе биде презентиран целокупниот план на Владата за деескалација на мерките и времето на олабавување на мерките што се однесуваат на тестовите, влезот во затворените простори и потребата да има сертификат“.

-Врз основа на одлуките на Комисијата ќе се донесат и одлуките на Владата, истакна Плеврис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина