Грција од петок воведува полициски час

Од:

Од петок во цела Грција, покрај карантинот што е на сила веќе четири дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес-конференција попладнево, соопшти дека дозволено ќе биде излегување само поради работни обврски, од итни здравствени причини и за прошетка на домашно милениче, а за секоја од овие причини, потребна е соодветна потврда (за работа) или испратена смс-порака.

Хардаљас објасни дека одлуката доаѓа откако било констатирано дека има непотребна раздвиженост на граѓаните.

Веќе три дена по ред, бројот на починати од Ковид-19 во Грција е над 40 лица дневно, а од ден на ден, сѐ повеќе се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се 2.752 нови случаи на Ковид-19, починаа 43 лица, а приклучени на апарати се 297 пациенти, 34 повеќе од вчера.

И од денешните нови случаи, најголемиот дел се во Солун (777 новозаразени) и во областа Атика, поширокиот регион на Атина (635).

Од почетокот на епидемијата, во Грција е регистрирани вкупно 63.321 случај на Ковид-19, а починаа 909 лица.

Поради лошата епидемиолошка слика во земјата, од саботата беше воведен карантин во цела Грција, што ќе трае до 30 ноември.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето