Грција од есен ќе дава нови дозволи за телевизиите

Од:

Грчкиот телевизиски пејсаж ќе се промени од есен, изјави заменик-министерот за инфраструктура, транспорт и мрежи Христос Спирцис.

Во интервју за државната агенција АНА-МПА, Спирцис рече дека се очекува деновиве во Парламентот да се расправа за нацрт-законот за телевизиски лиценци.

– Се обврзавме кон грчкиот народ дека ќе усвоиме институционални закони кои ќе донесат поголема транспарентност во медиумите, истакна тој.

Спирцис, исто така, појасни дека секој ќе може да учествува на тендерот, под еднакви услови.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски