Грција очекува туристичката сезона оваа година да биде подобра од 2019 година

Од:

Со над 3,4 пристигнувања во месец јуни на атинскиот и 14 регионални аеродроми со кои управува компанијата Фрапорт, Грција очекува оваа туристичка сезона да биде подобра од онаа во 2019 година, односно последното лето пред пандемијата, според изјавите како на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, така и на министерот за туризам Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за телевизијата ЕРТ Кикиљас рече дека во месец јуни, на аеродромот во Атина и на 14 регионални аеродроми на Фрапорт имало 3.481.000 пристигнувања од странство, наспроти 1.198.000 пристигнувања лани и 3.477.900 во 2019 година.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Кефалонија, повикувајќи се на овие податоци рече дека земјата се движи кон туристичка сезона која ќе биде уште подобра од онаа во 2019 година.

-Ме информираа дека денес веќе го надминавме бројот на пристигнувања на аеродромите на Фрапорт што го имавме во 2019 година, па одиме кон туристичка сезона која ќе биде уште подобра од онаа што ја имавме во 2019 година, рече Мицотакис.

Компанијата Фрапорт Грција управува со 14 регионални аеродроми во Солун, Кавала, Актио, како и на островите Крф, Закинтос, Лезбос, Кефалонија, Кос, Родос, Миконос, Самос, Скиатос, Санторини и Крит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент