Грција очекува до јули да постигне колективен имунитет

Од:

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото население, ќе го постигнеме она што се нарекува ѕид на имунитет, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата.

Говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Темистоклеус објасни дека пред колективниот имунитет, на крајот од април или почетокот на мај, кога се очекува да бидат вакцинирани сите граѓани на возраст од над 60 години, како и ранливите категории со висока опасност, ќе се создаде еден „прв ѕид на имунитет“.

Во однос на вакцината на Астра Зенека, објасни дека надлежната комисија ќе одржи состанок, но истакна дека не се очекуваат драстични промени во програмата за вакцинација, единствено би можело да се донесе одлука за ограничувања поврзани со возраста.

Темистоклеус потенцираше дека и покрај натписите во медиумите и различните ставови на земјите од Европската унија, во Грција, и понатаму е висок процентот на граѓаните што се имунизираат со конкретната вакцина.

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно.

Би можело да ве интересира

Задолжителен седумдневен карантин и ПЦР-тест за влез о Грција

Се отвораат продавниците во Грција

Грчката Влада со 330 милиони евра ќе ги поддржи угостителите што се затворени веќе пет месеци

До 5 април забрана за влез во Грција, без разлика на начинот на пристигнување

Министерството за здравство на Грција мобилизира 206 приватни лекари

Се отвораат археолошките локалитети,фризерските и козметичките салони во Грција

Катерина Павлова-Николовска