Грција нуди бесплатно сместување на туристите кои беа евакуирани од Родос поради пожарот

Од:

Грција најави дека во 2024 година ќе им понуди еднонеделен бесплатен одмор на Родос на туристите кои беа евакуирани во јули поради пожар на тој остров.

Туризмот е една од главните гранки на грчката економија, која закрепна од должничката криза во 2018 година, а Родос, деветтиот по големина остров во источниот Медитеран, е една од нејзините најпопуларни туристички дестинации.

Пожарот избувна на 18 јули среде островот, а силните ветрови го проширија на источниот и јужниот брег, област со многу одморалишта. Грција објави дека ја извршила најголемата евакуација досега преземена во земјата. Евакуирани се повеќе од 20.000 туристи и локални жители.

Грчкиот премиер Киријакос Микотакис во средата за британската телевизија ИТВ изјави дека пожарите зафатиле 15 отсто од островот и дека ситуацијата се нормализирала, но дека разбрале дека пожарот им предизвикал непријатности на посетителите.

„За сите оние чии одмори беа прекинати поради шумските пожари, грчката влада во соработка со локалните власти ќе им понуди еднонеделен бесплатен одмор на Родос, следната пролет и есен, за да се осигура дека ќе можат да се вратат на Родос и да уживаат во неговата природна убавина – рече Мицотакис.

Грчкиот премиер изјави дека пожарите во Медитеранот не се невообичаени, но дека климатските промени го зголемиле нивниот интензитет. Грчките власти денеска соопштија дека според првичните проценки се оштетени 45 згради.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Родос: Се почувствувал и на брегот на Турција

Силен земјотрес го погоди Родос

Вонредната состојба на Родос е укината

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос

МНР: Засега нема пријавени македонски државјани во загрозените подрачја на Родос

Катерина Ѓуровски

Засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос