Грција не се откажува од германските воени репарација

Од:

 Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос не се откажува од правото Грција да наплати воени репарации од Германија поради окупацијата и воените злосторства во втората светска војна, јавуваат дел од германските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, грчкиот претседател смета дека постои „само – докажувачко“ право Грција да бара воени репарации од Германија. Павлопулос во вчерашниот говор по повод ослободувањето на Атина од нацистите како причина за репарациите го споменал и заемот кој што под притисок на Берлин квинслишката влада во Атина во втората светска војна го земала од Германија.

Официјален Берлин одбива да разговара на темата вони репарации тврдејќи дека Германија ги исплатила сите долгови за направените штети во втората светска војна но грчката влада и претседател не се откажуваат од сумата која што според експертите во Атина се движи до 200 милијарди евра.

За утврдување на точната сума грчката влада формираше специјална парламентарна комисија која што се пасивизираше откако Германија заедно со другите Еу членки и меѓународни финансиски институции прости дел од грчките долгови и даде помош вредна десетици милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Грчко МНР: Сиљановска го прекрши Преспанскиот договор и Уставот на земјата

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он