Грција најверојатно ќе оди во едномесечен целосен карантин

Од:

Комисијата епидемиолози на грчката Влада ѝ предложи да воведе 30-дневен карантин во целата земја, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас говорејќи вечерва за грчката телевизија „Антена“.

-Препораката на Комисијата на епидемиолози до Владата е lockdown во целата земја за следниот месец. Премиерот на земјата, ќе излезе утре со соопштенија, очигледно земајќи ја предвид оваа препорака, рече Кикиљас.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, утре напладне ќе излезат со соопштенија за справување со епидемијата, а ќе одговараат и на новинарски прашања.

Во Грција денеска беа регистрирани рекордни 2.646 нови случаи на Ковид-19, а починаа 18 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит