Грција надмина три милиони случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Од:

Со денешните над 22.000 новозаразени, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, потврден е 22.451 случај од 300.935 направени тестови, починаа 60 лица, а 348 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.009.933 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.454 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина