Грција, Кипар и Ерменија ја блокираат кандидатурата на Турција за претседател на Генералното собрание на ОН

Од:

Грција, Кипар и Ерменија се спротивставија на кандидатурата на Турција да биде следен претседател со Генералното собрание на Обединетите нации, што претставува прв ваков потег во историјата на организацијата, јави Т24.

Претседателствувањето со Генералното собрание на ОН е со едногодишен мандат и ротира меѓу пет регионални групи на земји-членки на ОН. Групата на Западна Европа и другите, каде Турција е членка, ќе го добие терминот 2020-2021 година. Кандидат за Турција е Волкан Бозкир, поранешниот министер за европски прашања и висок дипломат.

Функцијата на новиот кандидат ќе биде да претседава со сесијата на Генералното собрание. Но, во отсуство на физички средби поради пандемијата на коронавирус, САД усвоија „процедура на молчење“, која на земјите-членки им дава рок од 72 часа да покренат приговори за нацрт-резолуција или одлука.

Грција, Кипар и Ерменија ја отфрлија кандидатурата на Турција за време на периодот на молчење, и покрај нивното претходно одобрување за номинацијата, објави Т24.

На овој начин Генералното собрание на ОН ќе биде должно да бара да спроведе целосно гласање за претседател, дури и доколку Западна Европа и другите групи го одобриле единствениот кандидат.

Бозкир во моментов е член на парламентот од владеачката Партија на правдата и развојот (АКП). Доколку биде избран, ова ќе биде првпат Турција да одигра голема симболична улога во ОН. Бозкир ќе треба да ја преземе функцијата во септември 2020 година и да ја извршува во следните 12 месеци, во време кога односите меѓу Европа и Турција се затегнати.

Турција, која преговара за членство во Европската унија,има политички спорови со Грција и Кипар за истражување на минерали во Средоземното Море и тамошните територијалните права, како и во блиското Егејско Море. Нејзините односи со Ерменија се нарушени со одбивањето да го признае геноцидот врз етничките Ерменци во Турција на почетокот на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски