Грција ја поддржа Албанија на патот кон Европската унија и се заложи за проширување на ЕУ на Балкан, пренесе денес агенција„ Синхуа“.
Проширувањето на ЕУ на Балкан ќе биде еден од приоритетите во текот на грчкото претседавање на Унијата за идната година, рече вчера заменикот на грчкиот премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во разговор со албанскиот претседател Бујар Нишани.
Нишани и се заблагодари на Грција на поддршката во процесот на интеграција на Албанија во северноатлантската структура.
Албанија во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ и се уште чека доделување на статусот кандидат.
Елена Георгиевска