Грција има обезбедено 26 милиони дози од вакцините

Од:

Грција има обезбедено 26.090.000 дози, односно можност за вакцинација на 15.350.000 граѓани, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за вакцинацијата во земјата.

Објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика.

Во однос на вакцината на Фајзер, Темистоклеус соопшти дека до крајот на месецов земјата ќе добие 427.050 дози, во февруари ќе пристигнат 362.700 дози, а во март уште 558.675 дози од вакцината.

-Вкупно, од компанијата Фајзер, ќе ни бидат доставени 1.348.425 дози до крајот на март. Оваа бројка е малку поголема во споредба со претходните соопштенија. На овие дози, постои можност да се додадат уште 1.180.930 дози од дополнителниот договор на Фајзер со Европската унија, објасни генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција.

Паралелно, на денешната прес конференција беше презентирана и специјалната платформа за регистрирање на граѓаните и закажување термин за вакцинацијата, а во првата фаза е наменета за лицата над 85 години.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 444 нови случаи на Ковид-19, починаа 39 лица, а вакцинирани се 5.350 лица.

Од почетокот на епидемијата има 145.179 заразени и вкупно 5.302 починати, додека пак од почетокот на вакцинацијата, се вакцинирале 49.645 лица.

Би можело да ве интересира

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он