Грција и Бугарија потпишаа низа договори за соработка

Од:

Претставниците на владите на Грција и на Бугарија вчера во Атина потпишаа неколку договори во рамките на вториот состанок на Грчко-бугарскиот совет за соработка.

Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов се сретна со грчкиот претседател и премиер, Каролос Папуљас и Антонис Самарас.

– Меѓу Бугарија и Грција постои стратешка соработка на многу полиња и двете страни постигнаа договори во областите, како што е борбата против криминалот и илегалната имиграција, управување со водите, телекомуникациите, земјоделството, истакна Самарас по средбата со Борисов.

Бугарскиот премиер посочи дека двете страни постигнале договор изградбата на интерконекција меѓу гасните мрежи на Бугарија и на Грција да почне во март, што ќе овозможи намалување на зависноста од увоз на гас и трговија со природен гас со трети земји.

Меѓу договорите е потпишан и за развој на систем за рано предупредување од поплави долж реката Марица, договор за соработка во областа на информатичката технологија и комуникации, како и договор за туризмот.

Грција вети дека до март 2013 година ќе го отвори долго одложуваниот граничен премин со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски