Грција го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Од:

Грција денеска го презеде претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа, за време на состанокот што се одржа со видео конференција со претставници на 47 држави членови на најстарата паневропска организација, јави дописникот на МИА.

Министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалијани, ги презентираше резултатите од претседателството на неговата земја, додека министерот за надворешни / европски прашања на Грција, Милтиадис Варвициотис ги претстави приоритетите на грчкото претседателство во наредните шест месеци.

Со оглед на тековниот контекст, Грција избра да го стави своето претседателство под знакот на заштитата на јавното здравство и на одговорите на здравствената криза, истовремено почитувајќи ги човековите права, демократијата и правната држава.

Меѓу другите приоритети се независноста на судството и владеењето на правото, но и заштитата на ранливите деца и правата на помладата генерација во дигиталното образование, животната средина и социјалното поле.

На 4 ноември, Атина ќе биде домаќин на седницата на Комитетот на министри, која ќе ги собере 47-те министри за надворешни работи, како и на церемонијата за одбележување на 70-годишнината од Европската конвенција за човекови права. Потоа, Германија ќе ја наследи Грција како претседавач со Комитетот на министрите на Организацијата.

Би можело да ве интересира

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени