Грција го поддржува доделувањето на кандидатски статус на Албанија

Од:

Грција го поддржува доделувањето на статусот – кандидат за членство во Европската унија на Албанија, јави агенцијата АНА-МПА.

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Константинос Кутрас изјави дека Грција веќе се произнесла во декември 2013 година за доделување кандидатски статус на Албанија и оти и натаму верува дека Албанија постигнала значајни, видливи резултати и покажала политичка волја да спроведе конкретни реформи на својот европски пат.

Кутрас уште рече дека како актуелен претседавач на Советот на ЕУ Грција ќе се стреми да издејствува консензус меѓу државите членки на Унијата, за на Албанија да ѝ биде доделен кандидатскиот статус.

Пред три дена, Европската комисија препорача на Албанија да ѝ биде доделен кандидатски статус, а конечната одлука ќе ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот во Брисел на 26 и 27 јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја