Грција демантира дека Турција ќе ја помага изградбата на џамија во Атина

Од:

Грчката Влада демантира дека постои некаков договор со Турција во врска со изградбата на џамија во Атина, јави дописникот на МИА.

Грчките медиуми и турската агенција Анадолија, јавија дека грчкиот заменик-министер за надворешни работи Константинос Цириас на парламентарна седница им рекол на пратениците дека џамијата во Атина ќе се гради исклучиво со грчки пари и оти не е „специфична тема во агендата на турско-грчката дипломатија“.

– Им кажавме на турските функционери дека тие постојано се обидуваат оваа тема да ја поврзат со нивната политика во последните години, за заштита на муслиманите во светот. Грчката држава ја презеде оваа иницијатива со цел да се задоволат потребите на муслиманите кои живеат или ја посетуваат Атина со тоа што ќе им се понуди место каде што ќе можат да се молат, изјави Цириас во одговор на парламентарно прашање на „Златна зора“.

Некои грчки медиуми претходно јавија дека турскиот премиер Реџеп Таjип Едоган понудил помош за изградбата на џамијата во Атина за време на ненајавената средба со Андонис Самарас во Доха на 30 јануари, кога и двајцата премиери беа во посета на Катар.

Цириас на седницата признал дека имало понуда за помош, но додал дека Владата одбила секаква финансиска помош. Тој исто така, истакнал дека Атина е динствениот европски град без џамија, поради што била подложена на критики од другите земји.

Џамијата ќе се гради во стар комплекс на морнарицата во атинската област Елаијона. Според проектот, џамијата ќе биде изградена без минаре за да се избегне менување на пејзажот на областа. Грчката држава ќе биде сопственик на имотот, а со џамијата ќе управува комитет составен од петмина грчки официјални претставници и двајца муслимани. Имамот ќе го назначи грчкото Министерство за образование, информира Цириас.

Министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во петок ќе престојува во работна посета на Анкара, како одговор на посетата на шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на Атина во октомври 2012. Двајцата министри ќе разговараат за подготовките за состанокот на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Турција кој ќе се одржи во Турција на 5 март годинава.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски