Грција: Ако не сакаат, мигрантите на Лезбос насила ќе бидат префрлени во новиот камп

Од:

Грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис изјави дека Владата ќе употреби сила доколку е потребно за да ги пресели мигрантите во новиот камп на Лезбос, што тие го одбија.

Минатата недела избувна пожар во логорот Морија на Лезбос, каде беа сместени 12.000 мигранти. Многумина од нив сега одбиваат да ги напуштат местата каде што биле веќе една недела.

Митаракис рече дека ќе продолжат напорите за преместување на мигрантите на доброволна основа, со помош на владини толкувачи и брошури распределени на барателите на азил.

– Ако ова не може да се постигне преку разговор, тогаш ќе треба да се користи полицијата. Нивна обврска е да се преселат на ново место, рече тој за грчката телевизија Мега.

Сепак, илјадници мигранти одбиваат да се преселат во нов објект, барајќи да им се овозможи да го напуштат грчкиот остров.

Досега околу 1.000 мигранти се сместени во привремениот камп Кара Тепе со 5.000 легла.

На мигрантите им е обезбедена храна и вода, како и тестови за коронавирус, со кои е утврдено дека вирусот е пронајден кај најмалку 25 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Приведени двајца криумчари на мигранти