Грчките власти повторно ги враќаат Албанците поради топонимите во пасошите

Од:

Грчките власти повторно гледаат проблем во топонимите напишани во пасошите на албанските емигранти поради што не им се дозволува влез во земјата, јави дописникот на МИА од Тирана.

Всушност станува збор за топоними на грчки населени места кои во албанските пасоши на Албанци кои се родени во Грција, се напишани според името кое за местото се употребува во албанскиот јазик.

Грчката страна почна со враќање назад на албански семејства веднаш по изминувањето на привремениот договор за парламентарните избори од 23. јуни, кој запали зелено светло за доаѓање на емигранти да гласаат без проблеми. Сега сликата се повторува, објавија албанските медиуми.

Претхдно, влез во Грција не им беше дозволен на стотици семејства на албански емигранти чии деца се родени во Грција. Албанските власти соопштија дека во тек се разговори со грчките колеги за изнаоѓање решение за овој пробем кој се создаде со пишувањето на местото на раѓање на албанските деца во Грција во нивните пасоши.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар