Грчки медиуми за односите Македонија – ЕУ: од пролет ќе видиме

Од:

Решавањето на прашањето за името е услов за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, е најчест наслов во денешните извештаи на грчките медиуми за вчерашниот состанок на ГАК на кој Грција уште еднаш ја спречи нашата земја да добие датум.

Грчките медиуми ја истакнуваат „победата“ на Аврамопулос да издејствува за првпат решавањето на прашањето, јасно и со едногласна одлука на Советот, да биде поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Аврамопулос е задоволен од одлуката на ЕУ за Скопје“, „Затворена врата за Скопје поради прашањето за името“, „ЕУ: од пролет ќе видиме“, „Прво името, после преговори“ се само некои од насловите во денешните грчки медиуми кои претежно без коментар ја пренесуваат синоќешната изјава на Аврамопулос и известуваат за заклучоците од состанокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Под наслов „ЕУ до Скопје: од пролет ќе видиме“, весникот „То Вима“ пишува дека Атина успеа да го избегне најлошото прашање а тоа е Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. И покрај притисоците од Европската комисија, особено од еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Грција успеа за првпат во заклучоците да го стави решавањето на прашањето за името како предуслов за почеток на преговорите, пишува весникот.

„Катимерини“ својот извештај го насловува „Нема датум за ПЈРМ“ и нагласува дека „одлуката на Советот за општи прашања била донесена едногласно што значи дека Атина не е изолирана во своите ставови“.

Грчките медиуми исто така ја нагласуваат поддршката што Грција ја имала од Бугарија со цел на Македонија да не и се даде датум. Од друга страна, коментирајќи дека за време на состанокот имало многу „пазарење“ за Македонија, се истакнува и поддршката што Австрија и ја дала на нашата земја. „Виена смета дека името не е пречка Скопје да ги почне преговорите“, пишува меѓу другите, „Нафтемборики“, нагласувајќи дека австрискиот државен секретар за европски прашања Лопатка „ја нарекол соседната држава Македонија“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната