Грчки медиуми: Самарас и Борисов со заедничка порака до Скопје

Од:

Сите грчки медиуми денеска јавуваат за вчерашната втора седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Бугарија со акцент на прес-конференцијата на премиерите Самарас и Борисов.

Заеднички заклучок на сите е дека грчко-бугарските односи се пример за соработка кој треба да го следат сите земји од Балканот и пошироко и дека Грција и Бугарија имаат стратешка соработка, јави дописникот на МИА од Атина.

Медиумите во своите наслови ја истакнуваат пораката која двајцата премиери вчера и ја испратија на Македонија дека почитувањето на добрососедските односи е клучно за членство во Европската унија.

„Та Неа“ пишува дека од Атина се испратени две пораки – за соработка и разбирање на Балканот и едно предупредување до Скопје да ги почитува добрососедските односи и да не предизвикува вештачки кризи. Весникот цитира дипломатски извори според кои меѓу Грција и Бугарија постои „взаемно разбирање“ за прашањето за името, но додава дека Софија е загрижена од порастот на национализмот од страна на Македонија „кој се манифестира и со неодамнешните најави дека на скопско-бугарската граница ќе се постави јарбол со македонско знаме висок 60 метри“.

„Етнос“ пишува дека двете земји испратиле заедничка порака до Скопје за почитување на добрососедските односи и оти Атина и Софија се одлучни да го спречат развојот на национализмот и порастот на иредентизам во регионот.

„Експрес“ и „Нафтемборики“ без коментар ја пренесуваат во целост изјавата на Самарас дека е „задоволен од тоа што во последниот текст усвоен едногласно од ЕУ добрососедските односи се наведуваат како предуслов за членство во Унијата“. „Катимерини“ пишува дека Грција и Бугарија ги продлабочуваат односите, „То Вима“ информира дека Самарас во февруари ќе ја посети Софија.

Според „Прото Тема“, Самарас и Борисов од Атина му испратиле јасна порака на албанскиот премиер Бериша дека „контроверзиите и иредентизмот не водат никаде“.

Телевизијата „Мега“ во својот извештај јави дека Борисов не ја криел својата лутина за „скопскиот филм во кој Бугарите се обвинуваат дека им предале Евреи на нацистите“. Телевизијата исто така го пренесува неговото тврдење дека Бугарија за време на Втората светска војна спасила 50 илјади Евреи.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада