Грчки медиуми: Локалните избори во Македонија без опозиција

Од:

Македонскиот премиер и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не ја убеди опозициската коалиција предводена од СДСМ на Бранко Црвенковски да ја промени одлуката да не учествува на локалните избори закажани за 24 март.

Ова го јавуваат грчките медиуми, додавајќи дека со одлуката на опозицијата не се согласуваат две мали партии од опозициската коалиција. Весникот „Нафтемборики“ пишува дека Српската напредна странка во Македонија и Партијата за европска иднина (ПЕИ), кои иако изјавиле дека остануваат во коалицијата, соопштиле дека ќе одат со свои кандидати на локалните избори.

Според извори на грчката државна агенција АНА-МПА, неколку опозициски лидери ја изразиле својата загриженост за одлуката да се бојкотираат локалните избори, но своето мислење не го искажале јавно.

Според истите извори, опозициските лидери кои не се согласуваат со одлуката да не се учествува на локалните избори, сметаат дека ќе биде штетно за опозицијата да загуби некои општини во кои сигурно ќе победеше, како што се Струмица, Куманово и Охрид.

Следниот чекор на опозицијата, јавуваат грчките медиуми, ќе биде колективна оставка на нејзините 42 пратеници.

Аналитичарите во Скопје истакнуваат дека политичката криза која ја зафати земјата фрли сенка на сите случувања и доколку наскоро не се најде решение, предупредуваат дека Европската комисија во својот извештај за напредокот на Македонија што ќе го објави во април, може да ја повлече препораката на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со Македонија, јави АНА-МПА.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски