Грчки медиуми: И новиот албански Парламент со „грчка боја“

Од:

Новиот албански законодавен дом исто така има „грчка боја“, бидејќи од 140 пратеници шестмина се Грци, пренесуваат албанските медиуми напис на грчки весници.

Освен Вангел Дуле, лидер на Партијата за заштита на човековите права, кој не ја крие етничката припадност, во Парламентот се избрани уште петмина пратеници, кои иако се Грци по потекло, тоа не го кажуваат јавно.

– Освен лидерот на партијата на Грците, Дуле, на списокот на „грчки“ пратеници е и Вангел Таво, поранешен потпретседател на албанскиот Парламент и екс минитер за здравство, кој е член на Социјалистичкото движење за интеграција на Илир Мета.

Таво е избран за пратеник во Ѓирокастро, стои во написот што го пренсуваат албанските медиуми.

На списокот на „грчки“ пратеници во албанскиот Парламент се и Андреа Марто, лидер на движењето „Омонија“ и Луиза Џувани, избрани во Валона, потоа Анастас Ангели, екс-министер за финансии во Владата на Фатос Нано избран во Корча и Василика Хиси од Тирана. Четворица се избрани како кандидати на Социјалистичката партија.

Сите шестмната „Грци“, освен Марто, беа пратеници и во досегашниот состав на Парламентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1