Грчки медиуми: Договор за Северна Македонија, потпишувањето викендов во Преспа

Од:

Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат медиумите во Грција.

Сепак, сѐ ќе биде појасно по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките медиуми коментираат дека е клучен и веројатно ќе доведе до решение.

„Скопско прашање: еден чекор пред договор“; „Денес се затвора скопското прашање“; „Денес клучниот телефонски разговор“; „Северна Македонија договорено име“, се дел од насловите во грчките медиуми, во пресрет на денешниот, нов, телефонски разговор.

Грчките медиуми денеска ги пренесуваат и пораките што вчера ги испратија, како македонскиот премиер преку интервјуто за „Телма“, така и шефот на грчката дипломатија преку телевизијата „Контра“ и оптимизмот што го изразија и Зоран Заев и Никос Коѕијас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според информациите во Грција, доколку денеска постои договор, се очекува грчкиот премиер да ги информира, прво, претседателот на земјата, а потоа и лидерите на политичките партии за евентуалното решение.

Во однос на потпишувањето на договорот, поради исполнетата агенда на двајцата премиери и шефовите на дипломатиите во следните денови, медиумите во Грција коментираат дека за време на викендот, веројатно во сабота, би можело Зоран Заев и Алексис Ципрас, да се сретнат во Преспа, на територијата на Грција и да го официјализираат она што денес ќе го договорат телефонски.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција