Грчки фирми под истрага за увоз на коњско месо од Бугарија

Од:

Грчките власти вршат истрага за две фирми фантоми кои во Атина и Солун увезле непознато количество коњско месо од Бугарија, објави грчкиот весник „Елефтеротипија“.

По барање на државната служба за контрола на храната, случајот е преземен од финансиската полиција и од Обвинителството.

Увозот на коњско месо не е незаконски, но на конкретните пратки меленото месо е етикетирано како говедско.

Седиштето на една од фирмите е на нива, а на другата во градски реон кој нема никаква врска со конкретната компанија.

Според податоци на Европската статистичка служба (Евростат) на кои се повикува весникот, во Грција досега биле конзумирани 74,3 тони коњско месо.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски