Грчки авион Ф-4 се урна во Јонското Море, се трага по двајца пилоти

Од:

Грчките спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.

Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез, пренесува Хина.

Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.

Грција првпат набави борбени авиони Ф-4 или Фантом од американско производство во 1974 година.

Би можело да ве интересира

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он