Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ја одложи официјалната посета на Србија што беше закажана за следнава седмица, јави дописничката на МИА од Атина.
– Официјалната посета на претседателката Катерина Сакеларопулу на Србија, која требаше да се одржи од 1. до 3 март, поради околностите се одложува, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.
Извор: МИА