Грчката полиција заплени 236 килограми албанска мархуна и уапси тројца Грци

Од:

Грчката полиција разби криминална група шверцери на наркотични средства и во близина на грчко-албанската граница заплени 236 килограми албанска марихуана.

Во акцијата уапсени се тројца грчки државјани, едниот од нив, 29-годишен, возач на комби во кое била натоварена дрогата, а за кого полицијата тврди дека е водач на нарко групата. Другите двајца уапсени Грци, на 28 и 29 годишна возраст, биле во друго возило и го контролирале патот.

Полицијата трага по еден албански државјанин, член на групата. Од оваа група на 6 февруари бил уапсен 27-годишен Грк.

Од тојцата уапсени одземени се и 3.195 евра и три мобилни телефони, како доказен материјал.

За два дена ова е втора поголема количина запленета марихуана произведена во Албанија. Претходно полицијата од приморскиот албански град Валона заплени 400 килограми марихуана, која била подготвена за транспорт кон италијанското крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски