Грчката полиција продолжува да апси несовесни граѓани, училиштата во Грција затворени до 10 април

Од:

За десет дена, во рамките на контролите во целата земја за тоа дали се почитуваат превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, грчката полиција уапсила 233 лица во 222 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Прекршоци биле регистрирани во однос на забраните, одлуките и ограничувањата што се однесуваат на фризерски салони, фурни, слаткарници, продавници за гардероба, кафулиња, ресторани, таверни, цвеќарници, спортски игралишта и сл.

Паралелно, грчката полиција објави видео со аудио порака што ќе ја испраќаат полициските возила додека патролираат во Атина и во останатите градови.

– Ве информираме дека поради превентивните мерки за заштита на јавното здравје не се дозволени собири. Ве молиме, почитувајте ги правилата и напуштете ги просторите, е пораката што ќе се слуша од мегафоните на полицијата и тоа на десет јазици меѓу кои грчки, англиски, француски, но и арапски, урду, дариски, фарси, хинди, пенџаски и пашто за мигрантите и бегалците што живеат во Атина. Со одлука на Министерството за образование на Грција, се продолжува запраната за работа на образовните институции, односно училиштата, Универзитетите и градинките ќе останат затворени до 10 април 2020.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит