Грчка делегација престојува во Москва за привлекување руски инвестиции

Од:

Грчка делегација престојува во Москва на разговори со претставници на руската влада, на кои ќе се бараат можности за привлекување руски инвестиции и ќе биде подготвена претстојната посета на грчкиот премиер Андонис Самарас на Русија, соопшти весникот „Етнос“.

Делегацијата е составена од заменик министерот за аграрен развој и храна Максимос Харакопулос, заменик министерот во кабинетот на премиерот и владин портпарол Симос Кедикоглу и главниот секретар на Министерството за развој Серафим Цокас.

Во рамки на посетата тие ќе имаат средби со руски колеги, а исто така и со советници и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

Според дипломатски извори, иницијативата е во рамки на планот на грчката влада за привлекување инвестиции и има за цел да ја подготви планираната претстојна посета на грчкиот премиер Андонис Самарас на Москва.

Грчките гости ќе имаат средба и со претставници на Трговско-индустриската комора на Руската федерација, на која ќе се бараат инвестициски проекти и можности за проширување на трговските и економските односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски