Град Скопје попладнево упати иницијална помош во вид на 50.000 вреќи за песок и еден шлепер со флаширана вода.
Како што соопштија од Градот, ќе биде испратена помош во зависност од потребите, а во план е да се испратат вреќи за спиење, основен хигиенски и санитетски материјал и друго.
По повод големите поплави кои го зафатија регионот и пред се Република Србија, градоначалникот Трајановски е во постојан контакт со градоначалникот на Град Белград, Синиша Мали.