Готовина: Сакам да одам на море и да ги раширам едрата

Од:

Анте Готовина, ослободениот хрватски генерал, после првиот ден на слобода, изјави дека во овој момент највеќе сака да оди на море и да ги рашири едрата.

На новинарите, кои го начекаа утринава,  кога излезе од дома со пријателот Жељко Дилбер, држејќи ја в рака книгата на Нела Сршен „ Рак на душата“, рекол дека се уште не се привикнал на слободата.

„Чувството е чудно, но впечатоците се смируваат, треба уште време“, рекол Готовина пред заминувањето на состанок со пријателите и адвокатите.

Новинарите се интересираа дали Готовина ќе го посети Вуковар, на што одговори дека за тоа има уште време.

„Сакам, но ќе има време. Ќе отидам да се поклонам на жртвите  и на моите соборци“. изјави Готовина.

 

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата