Американскиот помошник државен секетар за европски прашања Филип Гордон по најавата на рускиот Газпром за скопрешниот почеток на изградбата на гасоводот Јужен поток, излезе со јасно предупредување до балканските земји да не дозволат да бидат зависни само од еден снабдувач за своите енергетски потреби.
Гордон вели дека еден од приоритетите е јужниот коридор е разновидноста во енергетското снабдување на Балканот и средна и источна Европа.
„ Земјите кои за своето енергетско снабдување се зависни од само еден снабдувач, се и политички зависни. Затоа има голем економски, политички и стратегиски интерес да имаме разновидност во енергетското снабдување. Ние не сакаме да бираме и промовираме гасоводи, туку да промовирале разновидност во снабдувањето“, изјави Гордон.
Тој потенцираше дека од балканските држави се очекува исполнување на условите за членство во ЕУ и НАТО.Кажа дека и покрај сите предизвици Балканот не го заборавиле.
„Ние не се натпреваруваме, напротив, знаеме дека не можеме да успееме во регионот без Европа и Европа не може да успее без нас“, изјави Гордон.