Големо невреме во Хрватска

Од:

Целото подрачје на Јадранот во Хрватска денеска е зафатено од невреме во кое ветарот корне дрва, почнале и поплави а локалните медиуми јавуваат дека најлошото допрва доаѓа затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд кој ќе предизвика поплави.

Вчера дојде најавеното влошување на времето, со дожд кој во поголемиот дел од Хрватска бил обилен, а на некои места предизвикал и поплави, јави Индекс.хр.

Најлошо било во Горски котар кај Делнице, каде поради поплава на пат синоќа бил прекинат сообраќај, као и на Равна Гора, додека на подрачјето на Дубровник ветарот корнел стебла.

Вчера и во текот на ноќта повеќе граѓани пријавиле одрони на Јадранската магистрала на дубровничкото подрачје, паднати стебла, искршени гранки и паднати столбови како последица на силниот ветар и дожд.

Исто така имало неколку дојави за пожари на електрични столбови, поради што некои подрачја немало струја, јави „Дубровачки вјесник“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Далмација

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он