Два големи пожари избувнаа денеска во реонот на атинските предградија Илиоплис и Кареи и на полуостровот Пелопонез.
Според грчките медиуми, над Атина се крева густ чад од пожарот на ридот Имитос, во чие гаснење учествуваат над 30 пожарникари со 10 противпожарни возила и еден еден хеликоптер.
ТАСС јави дека пожарот беснее на 10 километри од центарот на Атина и дека се заканува да ги зафати блиските куќи, поради што властите спроведоа евакуација на нивните жители. Огнената стихија на Имитос се шири и кон историскиот кманастир Свети Јован.
Друг пожар беснее во реонот на Лаконија на полуосторвот Пелопонез, каде властите спроведоа евакуација на жителите на три села и на два детски кампа.
Бегајќи од пожарот, кој поради силниот ветер се шири со голема брзина, стотина локслни жители се засолниле на блиската плажа, од каде биле евакуирани со чамци на Крајбрежната стража.
Фронотот на ширење на огнот во Лаконија, според грчките медиуми, е во должина од 15 километри.
Градоначалникот на местото Монемвасија, Ираклис Трикилис за телевизијата Скај изјави дека пожарот „минал низ две села, уништувајќи куќи“. – Владее вистински пекол, бидејќи има стотина огнени џебови, нагласи Трикилис.
Во гаснењето на пожарот учествуваат над 120 пожарникари со 50 противпожарни возила, околу 30 војници, четири авиони „Канадери“ и два хеликоптери.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој се наоѓа во оперативниот центар на противпожарната служба во Атина, соопшти дека Владата веќе побарала помош од ЕУ за гаснење на пожарите.