Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Од:

Во селото Орош, во општина Мирдита во северна Албанија, во тек е голема антитерористичка операција на албанската полиција и специјалните сили, јавуваат локалните медиуми.

Според Топ ченел, една куќа во селото е опколена од утрото. Полицијата од градот Пука и специјалните единици од РЕНЕА (Единицата за неутрализација на вооружени елементи – единица на албанската полиција одговорна за најопасните и најсложени операции) се на местото на настанот. Се наведува дека две барани лица со „висок ризик“ се осомничени дека се кријат во куќата.

Едниот од нив е идентификуван како Јулијан Ќумраку (24), за кого се сомнева дека има врски со терористички групи. Другиот, албански државјанин од Тирана, е идентификуван како Арбен Ука. Ука наводно и претходно бил цел на антитерористички единици, објавува „Болд њуз“.

„Воу њуз“ дознава дека двете лица се криеле во оваа куќа во Орош еден месец, додека Ука наводно претходно бил гонет од антитерористичката полиција. „Лајме Драч“ објавува дека еден од двајцата мажи се слушнал како извикува „Алаху акбар“.

Топ ченел објави дека осомничените прво биле забележани од полицијата во Пука, а потоа во областа пристигнале силите на РЕНЕА. Полицијата веќе неколку часа ги повикува да се предадат, но тие одбиваат. Се сомнева дека двајцата мажи се тешко вооружени, што дополнително ја комплицира интервенцијата во куќата.

Целото село Орош е опкружено со полиција, а во областа пристигнала и брза помош.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски