Најмалку две села и еден летен камп се евакуирани на грчкиот полуостров Пелопонез откако утрово изби голем шумски пожар.
– Огнот ги спали куќите во двете села. Тоа е прав пекол, бидејќи постојат стотина пламени, изјави градоначалникот на Монемвасиа, Ираклис Трикилис.
Тој посочи дека гаснењето на пожарот е отежнат од силниот ветар, како и поради планинскиот предел.
Во гаснењето на огнот учествуваат над 120 пожарникари со 50 пожарникарски возила, четири авиони и два хеликоптери.