Голем пожар во предградиe на Атина, жителите се евакуираат кон блиската плажа

Од:

Најмалку пет населби во предградиe на Атина се превентивно евакуирани, а преку порака од бројот за итни случаи се повикуваат жителите на уште две населби да ги напуштат нивните домови и да се упатат кон плажата што е во близина, по големиот пожарот што изби претпладнево.

Во гаснењето на пожарот во општината Сароникос, во источниот дел на Атика, учествуваат 117 пожарникари со седум пешадиски тима и 35 возила, пет авиони и осум хеликоптери, а помагаат волонтери и цистерни од општината.

Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на противпожарните служби, а во конкретното предградие во источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, прекинат е сообраќајот на голем дел од улиците и булеварите.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски