„Глас Српске“: Продавале тенк за 5.000 долари, бомби за два долара по парче

Од:

Министерството за одбрана на РС и Федерацијата на БиХ продале на загрепска фирма и на сараевски Унис промекс, оружје и муниција по неверојатно ниски цени: Тенк Т-34 за 5.000 долари, хаубици од 2.000 до 3.500, а оклопни траспортери за 2.000 долари.

Вкупната вредност на оружјето и муницијата за пет основни договори со Скаут и Унис промекс, на кои се повикува бањалучки Глас Српске, е повеќе од седум милиони долари.

Таа цена донекаде е изменета лани со анекс договори, но и понатаму е ниска.

Поранешните ентитетски министерства за одбрана склучиле договори во 2003 и 2004 година, но без оглед на скандалозно ниските цени реализацијата не може да се одложи, наведува весникот.

Според документот, договорена е испорака на 220.000 гранати по цена од девет долари за парче.

Муниција за пиштол и за пушка чинела 0,02 долари за парче, бомби по два долара, пиштоли за девет долари, полуавтоматска пушка за 20 долари и митралез за 45 долари. Рачни фрлачи чинеле од седум до 30 долари, противвоздушен систем од 150 до 250 долари, а снајперски пушки од 16 до 30 долари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница