„Глас Српске“: Џихадисти од БиХ војуваат во Сирија

Од:

Во БиХ се повеќе има припадници на вахабитското движење кои доаѓаат со намера да ангажираат џихадисти за војна во Сирија, пишува бањалучкиот весник „Глас Српске“.

Директорот на Службата за странци Драган Мектиќ изјави дека неколку припадници од афро-азиско потекло се вратени во земјите од каде што дошле, наведува весникот.

– Најчесто тоа се припадници на вахабитското движење кои во БиХ стапуваат во контакт со домашните вахабисти, со кои работат на врбување и регрутирање војници. Во последно време главно ангажираат џихадисти за војна во Сирија. Ние имаме податоци за тоа и тие случаи активно ги следиме. Знаеме кои се клучните луѓе кои се занимаваат со тоа и кои се нивните врски во БиХ, рече Мектиќ.

Тој истакна и дека споменатите лица во БиХ влегуваат легално, користејќи се со седумдневните туристички аранжмани.

– Дури откако ќе стигнат, за некои од нив утврдуваме дека целта на престојот не им е она што е наведено, туку регрутирање борци, па ќе им го прекинеме престојот, наведува Мектиќ.
Се проценува дека на боиштата во Сирија, Ирак, Авганистан, Чеченија, Дагестан и Ингушетија има над 550 државјани на БиХ, а само на страната на сириските бунтовници војуваат околу 330.
Меѓу загинатите џихадисти во Сирија имало и од БиХ, Нови Пазар и од Косово, наведува „Глас Српске“.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина